Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите на Турција за влез во ЕУ – нов рекорд за Гинис

Преговорите на Турција за влез во ЕУ – нов рекорд за Гинис
Процесот на преговори за членство на Турција во Европската Унија треба да влезе во Гинисовата книгата на рекорди. Ова синоќа го изјави турскиот министер за ЕУ, Егемен Багаш. Според Багаш,  пречките поставувани пред Турција за членство во ЕУ не биле дел од процеси на преговори за ниту една друга држава. „Турција долго чека да стане членка на Европската унија и ниту една друга држава немала толку долг процес на преговори“, истакна министерот, кој посочи дека државата му е 16-та економија во светот и шеста во Европа Во Турција, вели тој, се извршени главните реформи според препораките од пред-пристапниот договор,  а државата и натаму ќе продолжи со реализација на реформите. Турција ги почна преговорите за членство воУнијата во октомври 2005 година. Досега, пишуваат тамошните медиуми,  има затворено само едно поглавје од вкупно 35.
 
Слично

Поврзани вести