Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преговорите меѓу партиите во Пржино се прекинати

Преговорите меѓу партиите во Пржино се прекинати

Иако вчера имаше изгледи дека партиите ќе се договорат за избирачкиот список, денеска состојбата е обратна.

Преговорите во Пржино се прекинати. Преговорите се прекинати затоа што партиите не се договориле како ќе постапуваат  со спорните 330 000 гласачи и начинот на регулација на медиумската сфера. Политичките партии побарале дополнителни консултации по несогласувањето околу пречистувањето на Избирачкиот список. Евроамбасадорот, Аиво Орав изјави дека времето е пари и дека земјата нема време за губење.

СДСМ го обвинија ВМРО ДПМНЕ дека бегаат од фер и регуларни избори.

„Секогаш кога ќе дојдеме до двете болни теми за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се прочистување на избирачкиот список, односно 330.000 спорни записи и регулирање на медиумската сфера, во тој момент доаѓа до прекин на преговорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ бега од фер, слободни и демократски избори“ - вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак тврдат дека преговорите се прекинати единствено поради една работа, несогласувањето на СДСМ во делот на медиумите да се гарантира дека нема да се воведува цензура.

„Ние побаравме сите партии да се согласат дека новинар и медиум нема да можат да бидат казнети, но од СДСМ не го прифатија тоа. Што се однесува до избирачкиот список, уште вчера го поздравивме потегот со кој СДСМ потврди дека немало никаква изборна кражба, односно дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е чиста“ – вели Иво Котевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли кажа дека меѓународните претставници интензивно работат на имплементација  на Договорот од Пржино.

Последниве денови имаше средби меѓу претставници на партиите потписнички на Договорот од Пржино, при што се разговараше за спорните прашања и се бараше излез од кризата.

Слично

Поврзани вести