Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕГОВОРИ ВО ГРЦИЈА: „Грците да ги исполнат условите, и да не чекаат отпис на долгот“!

ПРЕГОВОРИ ВО ГРЦИЈА: „Грците да ги исполнат условите, и да не чекаат отпис на долгот“!

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбе верува дека во наредните недели ќе се постогне решение меѓу Грција и нејзините кредитори но го отфрлил отпишувањето на долгот.

Ние и помагаме на Грција ... и овој пат ќе најдеме решение“, рекол Шојбле за германската јавна телевизија АРД и ја повика Атина да ги „исполни условите“ за да добие помош.

Тој рекол дека е често во контакт со колегите од ММФ и со грчкиот министер за финансии.

„Ќе најдеме решение во неделите кои доаѓаат но тоа нема да има никаква врска со отписот на долг туку со поставувањето на Грција на патот на економската конкурентност“, рекол тој.

Тој исто така посочил дека тоа често мора да и се објаснува на Грција и потсетил дека премиерот на таа земја, Алексис Ципрас се обврзал минатата година да ги реформира пензиите, што предизвика големо незадоволство вo таа земја.

Грција во моментов се обидува да постигне компромис за новите заштеди кои треба да ги спроведе со четворката доверители-ЕУ, ММФ, Европската централна банка и Европскиот стабилизационен механизам. Таа со нив минатиот понеделник ги продолжи преговорите.

Од тие преговори зависи дали на Грција ќе и биде продолжена исплатата кон новиот заем од 84 милијарди долари договорени во јули, и отворање на преговори за намалување на грчкиот јавен долг.

ММФ кој учествувал во претходните планови за помош на Грција дал до знаење дека нема да се вклучи во овој трет план за помош ако Грција не спроведе веродостојни реформи и ако не се постигне договор со ЕУ за намалување на теретот на грчкиот долг.

Слично

Поврзани вести