Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕГОВОРИ ВО БРИСЕЛ: Исчекор до решение или уште едно фијаско?

ПРЕГОВОРИ ВО БРИСЕЛ: Исчекор до решение или уште едно фијаско?
Втора рунда политички преговори во Брисел со медијаторство на европската диплматска тројка Вајгл-Кукан-Ховит. По мартовската средба, ЕУ сега во втор обид да ги седне на иста маса двете партии од Македонија и да се обиде да ги приближи нивните ставови. Дел од аналитичарите велат дека ниту денешната средба нема да донесе исчекор кон решение на политичката криза, дел пак сметаат дека во процесот мора да вклучат медијатори кои имаа искуство дури со безбедносни прашања. Нова рунда преговори – ќе има ли приближување на ставовите... Денеска продолжуваат преговорите меѓу СДМС и ВМРО-ДПМНЕ во Брисел за решавање на политичката криза во земјата, повторно со посредство на европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. Оваа средба се случува две недели по првата, која беше оценета дека заврши без исчекор. Дел од аналитичарите што ги анкетираше “Фактор“ оценуваат дека и оваа денешна средба да донесе поконкретно решение бидејќи политичката криза во змејава повеќе не е генерирана само од отсуството на опозицијата од парламентот туку и од аферата “Прислушување“ “Новата рунда на преговори во Брисел ќе биде само продолжение на претходната и од неа не може да се очекува некоја суштинска одлука која би била во насока на решавање на политичката криза. Секое ангажирање и инсистирање СДСМ да се врати во парламентот нема да значи решение за проблемот бидејчис ега состојбата во Македонија дополнително е влошена поради големата афера со прислушуваните материјали. Имено, објавувањето на овие материјали што имаат загрижувачка содржина, практично ја потврди вистината за состојбата во земјава, за која досега се шпекулираше. А тое е дека досега власта лошко се практикуваше“, вели аналитичарот Исмет Рамадани од Евро-аталнскиот совет на Македонија. Според аналитичарите, јасно е дека без меѓународно посредство не е можно решение на политичката криза, но и дека од Европската Унија е потребен посилен ангажман . “Мислам дека без посредство,  надминувањето на кризата е невозможно, бидејки Македонија, како и другите земји во регионот, досега не покажала капацитет да надмине и помали кризи без меѓународно посредство, а не  ваква голема криза. Очигледен е интерсот на меѓународната заедница да се вклучи подиректно во надминувањето на кризата, но се уште не гледаат доволна волја кај субјектите во Скопје за да се случи тоа.“, оценува новинарот Исен Салиу. За решение потребни се силни медијатори .. Во преговарачкиот тим на СДСМ се заменик-претседателката Радмила Шекеринска, Рената Десковска и Виктор Габер, додека од страната на ВМРО-ДПМНЕ преговараат министрите Никола Попоски и Никола Тодоров и пратеникот Илија Димовски. Според аналитичарите,  досегашните две рунди за политички преговори се дел од првиот обид на меѓународната заедница за можна политичка разрешница, но во исто време преку овие преговори ЕУ се уште демонстрира толеранција за вкупната состојба. За поитно и конечно решение, потребно е посилно медијаторство, оценува аналитичарот Рамадани. “Средбите во Брисел, на ова сегашно ниво,  не очекувам дека ќе дадат некој резултат. Меѓународниот фактор мора да овозможи посилно медијаторство, односно процесот на преговори да го водат медијатори кои имаа високи критериуми и зад себе големо искуство со арбитража и медијатортство во тешки проблеми коишто дури задираат и имаат безбедносна димензија“, вели Рамадани. Домашната јавност веќе се подели во однос на прашањето дали излезот од сегашниот безизлез теба да се бара во политичка или во правна разврска. “Решението на овој политички ќор-сокак е во понесување на политичка одговорност, односно поднесување на оставки или изнудени оставки а дури потоа да се отвори судски процес кој ќе биде воден на транспарентен и независен начин и на таков начин институциите да одлучуваат по сите материјали за инкриминирани дејства. Конечниот исход од целата оваа политичка криза треба да биде експертска влада, во пакет со промени во судството и во обвинителството. Оваа експертска Владата ќе има задача  да подготви избори и да спроведе изборен процес кој ќе резулира со легитимно избран победник кој подоцна, отако ќе ја формира Владата,  ќе има демократски капацитет да разговара со опозицијата“, вели Рамадани. Првата средба на македонските политичари со европските дипломати се одржа на крајот од март. По завршување на средбата , од канцелариите на европратениците кратко соопштија дека дијалогот ќе продолжи. „Денеска се оддржа состанок во Брисел меѓу претставниците на македонската Влада и опозициските партии со членови на Европскиот парламент. Сите учесници се согласија дека разговорите треба да продолжат„. Лидерот на ДУИ, Али Ахмти побара и неговата партија да има директен увид во преговорите. Д.А.
Слично

Поврзани вести