Преговори на македонската власт и опозиција во Брисел
Со посредство на европската тројка зад затворени врати, во Брисел е организаирана долга рунда преговори на претставници од владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски и највлијателната опозициона партија СДСМ на Македонија, чиј лидер е Зоран Заев.
-Бриселските преговори се држат во тајност, а единствено што се знае де дека претставниците од двете партии за преговарачката маса седнале со спротивставени ставови за начинот на излез од политичката криза.
СДСМ бара формирање на преодна влада која потоа би организирала избори, додека ВМРО-ДПМНЕ вели дека е подготвена да преговара со сите политички решенија но никако и за преодна влада.
Европратенците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, кои посредуваат во овие преговори, ќе се обидат да ги приближат ставовите на македонската позиција и опозиција иако нивната прва средба е завршена без резултат, освен констатацијата дека дијалогот треба да продолжи.
Инаку, опозиционата СДСМ во Брисел ја претставуваат заменик претседателката Радмила Шеќеринска и членовите Рената Десковска и Виктор Грабер, додека владечакта ВМРО-ДПМНЕ ја претставуваат министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за здравје Никола Тодоров и пратеникот Илија Димовски.
Во меѓувреме е потврдено дека за политичката криза во Македонија ќе разговараат и министрите на Европската унија на состанокот кој е закажан за 21 април.
