Преговори: Ќе решат ли Груевски и Заев кој ќе го предводи „транзицискиот период“?
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изминативе денови замина во Вашингтон и пред Атлантскиот совет соопшти дека ОБСЕ вршел мониторинг на последните и неколку претходни избори во Македонија, дека за нив дале „генерално позитивен извештај“, а дека сепак е договорено во април следната година да се одржат нови вонредни парламентарни избори.
Договор за тоа, сметал Хан, е постигнат на состанокот на најголемите политички партии на кој ЕУ, а подоцна и САД, биле само сведоци! Што ќе речат дека евентуалните заклучоци дека меѓународната заедница го притиснала победникот на минатите парламентари избори на партијата ВМРО-ДПМНЕ македонскиот премиер Никола Груевски да се согласи на нови предвремени избори, ако ги има, не се точни. Но , меѓународната заедница овој начин на разрешување на политичката криза го поддржала од страв дека таа од познати причини лесно може да се прелие на меѓуетнички терен.
Начелен договор за одржување на избори би требало да биде детално разработен на состанокот кој треба да се одржи утре во Брисел. Но, учесниците на рамковниот скопски договор чесно не се ни разделија, а веќе преку медиумите се судрија околу натпреварот „транзициски период“, поточно околу одговорот на прашањето: кој ќе ја води Македонија во наредните десет месеци до новите вонредни парламентарни избори и кој ќе организира попис на населението, измени на изборниот закон и чистење на избирачкиот список?
Опозициската СДСМ веднаш побрза да соопшти дека за нив рамковниот договор нема да има никаква важност доколку „не се постигне договор за формирање и состав на влада во која не смее да биде Груевски и креаторите на кризата“ бидјеќи „СДСМ нема да дозволи во Македонија да се случат уште едни криминални избори“.
Во коментар на дневниот весник Утрински новинарот Ерол Ризаов пишува: „Ако Груевски ја предводи било која влада до април 2016, тој ќе ја предводи доживотно, точно до распадот на државата ... Во Брисел на 10 јуни - утре меѓу предусловите за преговори за излез од кризата еден би требало да биде најважен: Груевски не може да предводи влада за излез од кризата која ја предизвика со своето деспотско владеење“, пишува уште новинарот.
Медиумите ги пренесуваат и шпекулаците на радио Дојче Веле , според кои „транзициониот период“ би можел да го води на три можни начини составена влада од кои третиот начин или експертсска влада без учество на политичари, значи без природна база во парламентот, се смета најмалку веројатна. Остануваат две решенија - широка коалициона влада со сите поголеми партии или преполовена коалициона влада сведена на ресори за подготовка на избори - подразбираат дека на чело на владата би бил Груевски или „само начелно, без самостојно право на потпис“ или со „намалено негово индивидуално влијание на институциите“.
Постои, како пишува Дојче веле, и полурешение: „експертско-политичка влада“, но пак со Груевски ...
Самиот премиер за Сител, изјави дека не се сомнева дека „граѓаните повторно ќе ја изберат оваа опција, а не деструктивност и ширење на омраза, дека нема да изберат опција која сака да и нанесе штета на државата а заради партискиот и личлен интерес некој да дојде на власт“.
Што ќе решат политичките лидери и дали ќе најдат заеднички јазик, останува да го чекаме епилогот од утрешната средба во Брисел.
