Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕГОВОРИ: Хан постави „нагазна мина“!

ПРЕГОВОРИ: Хан постави „нагазна мина“!
Вчерашниот ден за многумина аналитичари, може да биде клучен во натамошниот тек на преговорите меѓу власта и опозицијата. Упатените во дипломатијата го сметаат за силен гаф вчерашниот обид на еврокомесарот Хан да влијае на текот на преговорите со една непрецизна изјава, онаа за позитивните изборни циклуси во Македонија. Ќе беше сосема на место и легитимна позицијата на Хан доколку не употребеше неточности во искажаната формулација, со што практично го поткопа својот преговарачки авторитет и тоа и кај двете страни. Тоа можеше веднаш да се забележи по реакцијата на лидерот на опозицијата, кој ги стави во мирување преговорите, велејќи дека нема намера да оди за Брисел со таков став на еврокомесарот, потсетувајќи го на многуте забелешки што ОБСЕ, всушност ги имаше на изборниот процес. Овој став на Заев го натера Хан на невообичаен дипломатски расчекор. Прво, мораше да му се јавува на Заев, а второ, мораше јавно да ги дообјаснува дадените изјави од Вашингтон, со потурање вода, овојпат на страната на опозицијата. Од дипломатската пракса е познато дека ваквиот начин на водење на преговорите не може да доведе до добри решенија, особено не на кризата во Македонија, која е многу повеќе системска одошто обична политичка криза на две спротивставени страни. Оттаму и Хан со актуелниот приод тешко дека може да доведе до помирување на Груевски и Заев, особено тешко сега, откако на два наврати, прво за едниот, а потоа за другиот даваше, своевидни „навивачки“ изјави, поткопувајќи го својот преговарачки авторитет и кај власта, но уште повеќе кај опозицијата, која сега во секој момент има „кард бланш“ за излегување од преговарачкиот процес, доколку е незадоволна од текот на процесот. Владините претставници не ја коментираа јавно изјавата на Хан, оти беа свесни, дека таа, иако суштински е во нивна полза, е преуранета, и дека може да доведе до застој на процесот, што секако не е добро за целата држава. Оттаму, за оваа фаза од преговорите, недоволно промислената изјава на Хан од Вашингтон колку и да била добронамерна, е „нагазна мина“ за процесот што треба да се води во Брисел на 10 јуни. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести