Преговарале за редовна исплата: Машиновозачите се сретнаа со Мисајловски
Откако во средата неколкумина вработени во желзница започнаа бојкот со глад, денес машиновозачите излегоа на протести пред Собрание и Влада .
Како што е познато тие штрајкуваат поради ненавремената исплата на платите и додатоците за пензиско и здравствено осигурување, а после протестите беа примени на разговор кај министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој им дал ветување дека за октомвриската плата постои можност да биде исплатена во целост.
Од Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија велат дека нивните барања се редовна, целосна исплата, а почнале со штрај поради земање на плата во делови со задоцнување што влијае на користењето на здравствените услуги.
Се очекува одлука на синдикатот за што понатаму со состојбата во железницата.
Дел од вработените во желзницата вчера револтирани најавија радикализаија на бојкотот со поставување на шатори пред капијата на желзницата каде што планираат да бојкотираат со глад .
Слично
