Економија, финансии, бизнис

Контакт

Префрлени првите 10,4 милиони евра за бизнисот од унгарскиот заем

Префрлени првите 10,4 милиони евра за бизнисот од унгарскиот заем

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на социјалните мрежи објави дека денес се префрлени првите 10,4 милиони евра од 250-те милиони евра од унгарскиот заем наменети за бизнисот..

„10,4 милиони евра е вредноста на првата транша која ја исплати Министерството за финансии за поддршка на компаниите од унгарскиот заем.

Министерството за финансии денеска до Развојната банка ги префрли средствата од централниот Буџет, кадешто се планирани вкупно  250 милиони евра наменети за поддршка на домашната економија.

Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, објави министерката.

Унгарскиот заем од 250 милиони евра за стопанството беше одобрен лани од унгарската Ексим банка. Парите прво ќе се префрлат од Министерството за финансии кон Развојната банка, а од таму до деловните банки кои ќе ги администрираат договорите со клиентите. Домашните банки за возврат ќе добиваат камата од 1,9 отсто, а каматата кон унгарската банка ќе биде субвенционирана од буџетот.


Слично

Поврзани вести