Предвремени парламентарни избори – речиси сигурна варијанта!
Демократската унија за интеграција (ДУИ) утре и официјално ќе побара предвремени парламентарни избори, откако пропаднаа сите обиди на партијата на Ахмети на претседателските избори да оди со консензуален кандидат заедно со ВМРО-ДПМНЕ.
Одлуката да се бараат предвремени избори заедно со вториот круг од претседателските, утревечер на вонредна седница треба да ја потврди партиското раководство на ДУИ, најави портпаролот Бујар Османи.
Освен ова, партијата на Ахмети најавува дека ќе ги повика Албанците да ги бојкотираат претседателските избори.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира оваа одлука на својата конвенција тоа значи дека концептот на консензуална политика тие не го прифаќаат. Ние ќе постапиме како што единствено знаеме – принципиелно и конструктивно. ДУИ на претседателските избори нема да истакне кандидат, туку ќе се бори за понудениот концепт, а Албанците ќе ги повика да не поддржат ниту еден кандидат затоа што ниту еден од нив нема да претставува нивната волја“, изјави Османи.ДПА денеска истакна свој кандидат за претседателските избори - поранешниот потпретседател на Собранието Илјаз Халими.
Слично
