Предвремени избори во Бугарија – Парламентот ја прифати оставката на премиерот Орешарски
Бугарскиот парламент денеска ја прифати оставката на премиерот Пламен Орешарски, со што се создадоа услови за одржување предвремени избори во оваа земја.
Според најавите, изборите треба да се одржат на почетокот на октомври. Орешарски беше на власт само една година, но се повлекува пред се заради салбите резултати на неговата партија на изборите за европски парламент.
Освен тоа, краткиот мандат на овој состав на бугарската влада го одбележаа политичка криза, корупциски скандали, катастрофални поплави и криза на банкарскиот систем.
Во мандатот, Орешарски се соочи и со тензиите на релација Брисел-Москва за изградбата на гасоводот Јужен тек, спор во кој Бугарија практично беше ставена „меѓу два огна“.
Исто така, Бугарија останува без кандидат за еврокомесар, а по оставката на премиерот Пламен Орешарски, оваа задача ќе му припадне на привремениот кабинет.
На последната седница на бугарската влада, Орешарски одбил да го номинира актуелниот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.
Слично
