Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предвремени избори во Бугарија

Предвремени избори во Бугарија
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев ќе го распушти Парламентот на 6-ти август. Тој ќе постави преодна влада која ќе треба да спроведе вонредни избори во земјата на 5-ти октомври. Причината заради која го распушта Парламентот и оди на превремени избори е владината криза која ја тресе Бугарија. „Во овој парламент повеќе не може да се формира ниедна идна влада“, изјавил Плевнелиев по средбата со раководствата на партиите. Дополнително, ситуацијата во владината коалиција ја усложни и актуелната финансиска криза во земјата, предизвикана од криминална група која атакуваше да го дестабилизира бугарскиот банкарски систем. Во ова делумно и успеа, откако многу граѓани поверуваа во лажните дистрибуирани информации и побрзаа да си ги повлечат парите од банките, што ја доведе во опасност финансиската стабилноста на земјата. Сега, до предвремените избори, парламентарците ќе треба да донесат серија закони за да се стабилизира банкарскиот систем и да се врати довербата во него.
Слично

Поврзани вести