Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предвремени избори сепак ќе има?

Предвремени избори сепак ќе има?
Претседателот на Собранието Трајко Вељановски в сабота ќе ги распише претседателските избори, дознава телевизијата Алсат. Според изворите на оваа телевизија, заедно со претседателските ќе се одржат и предвремени парламентарни избори. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 13 апрлил, а на 27 април ќе се одржи вториот круг претседателски заедно со предвремени парламентарни избори, јавува телевизијата. Според роковите, партиите за 20 дена по распишувањето на изборите треба да го објават својот претседателски кандидат. Двете најголеми партии во владејачката коалиција ВМРО ДПМНЕ и ДУИ тешко ќе се договорат за консензуален претседателски кандидат прифатлив за двете страни, а не се исклучува можноста партијата на Груевски пак да го кандидира Ѓорге Иванов, иако за тоа ја нема поддршката од албанскиот партнер, информира Алсат. ВМРО ДПМНЕ и ДУИ досега тактизираа, воздржано ги коментираа и ги отфрлаа информациите дека воопшто се разговара или дека е постигнат коалициски договор за предвремени парламентарни избори. Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ, во гостување на телевизјата Б92 во емисијата „Впечаток на неделата“, обзнани дека според неговите сознанија во Македонија ќе има избори во април.
Слично

Поврзани вести