Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Пратениците во еден глас поддржаа распуштање на Собранието

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Пратениците во еден глас поддржаа распуштање на Собранието
Сите 117 пратеници гласаа за распуштање на Собранието и за организирање предвремени парламентарни избори. „Единствени како никогаш досега“, рече собранискиот спикер Трајко Вељаноски, соопштувајќи го резултатот. Ниту еден од присутните пратеници не беше против или воздржан. Со ова се исполнети условите за организирање предвремени парламентарни избори, кои според најавите треба да се одржат на 27 април, заедно со вториот круг од претседателските избори. Пред распуштањето, пратениците во жестока расправија меѓусебно се обвинија за скриени сценарија и агенди. Опозицијата тврди дека изборите се вештачки креирана контролирана нестабилност предивикана од владејачката коалиција, со цел да добијат уште еден мандат. За власта, предвремените избори се највисок демократски чин за проверка на довербата кај избирачите, а несогласувањата во владејачката коалиција биле реални.
Слично

Поврзани вести