ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, Павле Трајанов: Ако СДСМ не оди на избори ќе биде во катастрофална позиција!
Фактор анкетираше луѓе од интелектуалната и политичката сфера за предлогот на Груевски за предвремени избори. Еве што за Фактор вели Павле Трајанов, Демократски сојуз:
Мислам дека ќе се оди на предвремени парламентарни избори, бидејќи штом не се усогласија ставовите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во ад хок комисијата, неминовен беше ваков епилог.
Нема прецизно согледување, но како што сега стојат работите, веројатно ќе се оди на избори. Јас не гледам друга алтернатива за излез од политичкиот ќорсокак.
Според мене, има многу партии што ќе одат на избори, тука се партиите ЛДП, ВМРО НП, Алијансата за позитивна Македонија на Јорданов, Бучковски и Зиков, понатаму партијата која ја најави Стевче Јакимовски ГРОМ. Мислам дека доколку СДСМ не оди на избори нивната позиција би била катастрофална. Како и да е, не мислам дека ќе има било каков компромис како начин за излез од политичкиот ќорсокак.
Слично
