ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, Оливера Трајковска: Груевски даде небулозни предлози за кои знае дека ќе бидат одбиени!
Фактор анкетираше луѓе од интелектуалната и политичката сфера за предлогот на Груевски за предвремени избори. Еве што за Фактор вели Оливера Трајковска, ВИН - ВИН 24 Вести:
Мислам дека Никола Груевски вчера даде два небулозни предлози за кои однапред знаеше дека ќе бидат одбиени и токму затоа и ги даде. Мислам дека засега во Парламентот нема мнозинство за предвремени параментарни избори и дека тој предлог е блеф. Што тогаш направи вчера Груевски, тоа беше настап на божемна жртва кој прави се за европските перспеткиви на земјата. Oпа. Секогаш форма, малку содржина.
Каков е тој квиз од избори од кои две веризии на писма ќе патуваат во Брисел. Препораката не зависи од победничкото писмо, туку од суштината на политичкиот дијалог. Мартовскиот договор има повеќе елементи од само рок во кој на 13-ти октомври Груевски ќе стигне да го испрати писмото.
Првиот предлог не сакам да го коментирам, бидејќи е навредлив и нема никаква врска со идejата да се утврди вистината за настаните од 24-ти декември. Се друго што кажа Груевски е да го засили впечатокот на човек кој бил подготвен да даде се, толку многу се, што вели дека мислел оти Уставот е прекршен и дека тоа е дело на СДСМ, ама сето тоа не сакаме да го кажат за мир во куќа.
Слично
