ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: ОБСЕ и ОДИХР ќе ја презентираат мисијата
По повод претстојните избори закажани за 5 јуни, денес амбасадорот Јан Петерсон ќе ги презентира активностите на ОБСЕ и ОДИХР.
Шефот на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР ќе ја соопшти улогата на Мисијата и претстојните активности кои овие институции ќе ги имаат.
Неодамна од OБСЕ преку мисијата во Скопје, го поздравија усвојувањето на извештајот на Државната изборна комисија и испратија порака дека прочистувањето на избирачкиот список е клучен предуслов за веродостојни избори. Направени се некои позитивни чекори, но списокот мора да се прочисти за кредибилни избори, рекоа тогаш од ОБСЕ. „ДИК активно работи во завршување на вкрстените проверки, а позитивен е и нејзиниот систематски пристап во прочистување на списокот. Мислиме дека сè уште има време ефективно да се решат отворените прашања, за да може претстојните избори да бидат подобри од претходните“-беше соопштено од ОБСЕ. ОДИХР ќе оцени дали изборите ќе бидат веродостојни, откако ќе се реализираат.
Слично
