Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ:  Нова дестабилизација или решение за кризата?

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ:  Нова дестабилизација или решение за кризата?
Владеачкото мнозинство, без опозициската СДСМ во Собранието, го спроведе она што вчера го најави по заседавањето на Извршниот Комитет : оставка на премиерот и одбројување до предвремените парламентарни избори.  Опозициската СДСМ пред почетокот на точката за одлуката за распуштање на праламентот, ја собраниската седница го напушти законодавниот дом откако пратеникот Горан Сугарески процедурално се обрати: “По 10 години граѓаните го дочекаа денот на паѓањето на главата на овој режим. Никола ти не си Македонија.  Граѓаните на Македонија освен фамилијата на Никола Груевски немаат корист од одржување на избори без претходно навремено прочистување на Избирачкиот список и без навремена регулација за слободни медиуми. Непрочистениот Избирачки список и медиумскиот мрак фамилијата би сакала да го користи за спас на сопствената кожа. Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино“ -  рече во своето обраќање Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ. По ова процедурално обраќање пратеничката група на СДСМ ја напушти седницата  а претседателот на Собранието Трајко Велјановски кратко прокоментира дека секој има право дали ќе остане или не на седницата. “Фактор“ интегрално пренесува дел од излагањата на пратениците.  (Не)уставно распуштање на Парламентот?  Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов смета дека со одлуката за распуштање на парламентот се коси со Уставот, дури смета дека е упад во правниот поредок, посочувајќи дека една ваква одлука, со голема сериозност не може да има одложено дејство. Еве што изјави Трајанов: “Сметам дека точка, односно предлогот за распуштање на праламентот  е спротивна на Уставот на РМ. Член 63, став 3 од Уставот на Р.М кој гласи : избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од  60 дена од денот на распуштање на собранието. Ние мора да го почитуваме уставот  а не да го уриваме  со одлука која ќе стапи на слика.  Не е можно денес да гласаме и не треба да го кршиме Уставот.  Секако, Парламентот може да се распушти но во согласност со Уставот. Но треба да се мисли и дали се исполнети  точките од договорот а  јас не гледам дека сите услови од пржинскиот договор се исполнети. Но ве уверувам дека  повторно ќе носиме одлука за распуштање на Парламентот бидејќи сегашаната е неуставна“, изјави пратеникот Трајанов и додаде: “Состојбата е тешка да не речам и драматична. Значи ние денеска го кршиме уставот, односно упаѓаме во уствното уредување на земјата. Ако ние денска, на 18 јануари  гласаме за распуштање на парламентот тоа значи дека избори треба да има на 19 март. Не е можно да се носи ваква значајна одлука со одложено дејство . Сакам да укажам дека ваквата одлука ќе иницира да се расправа за неа на Уставен суд. Знам дека тој не функционира и е под партиско влијание. Како и да е прламентот  може да се распушти, но ние имаме договор од Пржино и еден клучен недостаток – кој прави анализа дали тој договор се почитува и спроведува. Четирите партии треба да одговорат дали тој суштински се спроведува, а не само формално, иако и тие формални рокови се пробиени. Ве уверуваме дека ги кршите уставните темели“. Од владеачкото мнозинство возвратија дека не се постапува неуставно бидејќи одлуката е со доложено дејство - парламентот да се распушти на 24 февруари, со што предвремените избори  ќе се одржат на 24 април. “Ние имаме обврска да ги слушнеме и грѓаните, оние граѓани кои секојдневно не прашуваат дали ќе заврши оваа политичка криза, оние граѓани коишто живеат под притисокот на политиката, оние граѓани кои ги запреа своите бизниси, оние граѓани коишто го запреа нормалното живеење под притисок на политиката“, изјави пратеникот Илија Димовски. Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска оцени дека одлуката за распуштање на парламентот е вовед во нова политичка дестабилизација на земјата. Предвремените избори се непоходни за да се стави крај на политичката криза, реше пратеникот на Вмро-Дпмне, Владимир Ѓорчев. “Во овој момент сме исправени пред одлуката за распуштање на законодавниот дом и ова треба да се направи зошто се созреани условите за тоа. Собранието треба да се распушти зошто убедливото мнозинство преку своето барање го побара тоа. Агонијата и кризата треба да завршат и се што е поврзано со политичката криза.  Кризата не треба да биде трајна состојба,  може да трае  еден, три или пет месеци, но не хронична состојба. Свесни сме и констатираме дека очигледно има една партија, СДСМ и нејзниот лидер Заев кој  со сите сили се обидува да ја одржи состојбата на трајна криза, Тоа не е добро за државата, за вкупните состојби, за економијата, за политичкиот систем. На избори ќе мора да се провери легитимитетот“, изјави пратеникот Ѓорчев. Предлогот на мнозинството за одлука за распуштање на Парламентот не беше поддржана од независната пратеничка Грчева која оцени дека оваа одлука е вовед во нова дестабилизација. “Без учество на најголемата опозициска партија не се можни демократски избори, целиот процес е наказен, сега во каков излез велите дека одиме. Ќе имаме силна Влада без опозиција. Мислам дека ова е тажен ден за демократијата. Колку и да го осудував Пржино, сепак требаше да му се даде шанса а датумот за избри да биде утврден консензуално“, рече независната пратеничка Солза Грчева. Според предлогот на владеачкото мнозинство, сегашниот состав на Парламентот треба да се распушти на 24 февруари. .А.Д.
Слично

Поврзани вести