Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, Мерсел Билали: Ова е лудило, СДСМ не смее да прифати избори!

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, Мерсел Билали: Ова е лудило, СДСМ не смее да прифати избори!
Фактор анкетираше луѓе од интелектуалната и политичката сфера за предлогот на Груевски за предвремени избори. Еве што за Фактор вели Мерсал Билали, универзитетски професор: Мислам дека тоа е лудило. Тие прво треба да кажат што со ветувањата од минатите избори. Кај се осумте милјадри евра инвестиции?! Прашувам, дали изборите станаа нивен спорт. Која е поената на тоа што имаме избори секоја година, што добиваме ние граѓаните со тоа?! Според мое мислење, опозицијата не треба да прифати предвремени парламентарни избори на 13 октомври. Околу собраниските инциденти од 24 декември минатата година, мене не ме интересира многу тоа, затоа што оваа власт веќе има многу поголеми гревови, тоа беше уште еден од низата кои ја надополнија сликата на нивното владеење. Што се однесува до албанскиот политички блок, сметам дека ќе направат многу голема грешка доколку прифатат предвремени парламентарни избори. Нелегитимно и неморално е да прифатат избори кога евроинтеграциските процеси се цело време закочени, а судејќи според нивните досегашни изјави, мислам дека токму тие беа најмногу заинтересирани за деблокада на евроатланската иднина на Македонија.
Слично

Поврзани вести