Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, Љупчо Зиков: Алијанса за позитивна Македонија е подготвена за избори!

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, Љупчо Зиков: Алијанса за позитивна Македонија е подготвена за избори!
Фактор анкетираше луѓе од интелектуалната и политичката сфера за предлогот на Груевски за предвремени избори. Еве што за Фактор вели Љупчо Зиков, Алијанса за позитивна Македонија: Страшно е што од сево ова со комисијата и партискиот судир меѓу ВМРО и СДСМ најмногу изгуби Македонија и нејзините граѓани. Значи, ова на еден начин според нас беше очекувано, особено ако се следеа последните неофицијални изјави и од ВМРО ДПМНЕ и од  СДСМ. Ние како Алијанса за позитивна Македонија сметаме дека требаше да биде постигнат договор и да имаше конечен извештај за собраниските инциденти од 24 декември, минатата година. Сметаме дка е пропуштена голема шанса за да пред Еверопската Унија оставиме пристоен изглед и да спасиме колку што може од целава ситуација. За жал, двете најголеми политички партии не беа на висината на задачата односно не успеаа да ја зачуваат европската препорака. Е сега, топката е во дворот на СДСМ. Ние како Алијанса за позитивна Македонија се подготвуваме за избори, па ако тие се случат и на 13 октовмри, а тоа и ќе го обзнаниме деновиве. Подготвени сме да излеземе на избори. Лично сметам дека на 13 октомври нема да има предвремени парламентарни избори, но дека сега ќе се влезе во дебата за точниот датум на избори. Засега планот е дека ќе настапиме самостојно, но не се исклучени и коалиции, секако доколку програмските определби ни се слични со некоја друга партија.
Слично

Поврзани вести