ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, Ерол Ризаов: Груевски е гневен, користи јазик на омраза и делби!
Фактор анкетираше луѓе од интелектуалната и политичката сфера за предлогот на Груевски за предвремени избори. Еве што за Фактор вели Ерол Ризаов, Утрински весник:
Мислам дека е премногу сериозна работата, за да може малку налик на кафеанска расправа да се изнесува лутината на премиерот пред јавноста. Ако веќе е важно како ќе изгледаме пред Брисел, а не само во Македонија, тогаш владеачката партија можеше да гласа и против својата определба и сите заедно да испратат едногласна порака до Брисел и тогаш можеше исто така да каже дека и покрај тоа што не се согласуваат со извештајот сепак во интерес на државата направиле таков чекор.
Во една таква ситуација јас би верувал дека државните интереси се над партиските, вака излегува дека партиските се над државните интреси.
Вториот момент, интонацијата на говорот на премиерот кон јавноста е скандалозна. Тоа е јазик на омраза и на делби, тоа не е јазик на толеранција, демократија, политичка култура. Човекот е лут, гневен, оти не се прифаќа тоа што го предлагат неговите пратеници. Таквата интонација може да се употребува кон неговите подржувачи, но не и за оние кои го критикуваат, а тој има омраза кон граѓаните кои не ја подржуват неговата политика.
Но, има анимозитет и кон неутралните граѓани. Неговата порака е демек ние ја зборуваме вистината, друга вистина нема, тоа беа јасни пораки кои се чустувуваа од него. Што се однесува до предвремени парламентарни избори, ВМРО ДПМНЕ осма година се на власт и тоа би биле осми избори. Демократијата е скапа работа, но за една Македонија осум избори кои чинат стотици милиони евра е многу.
Слично
