Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, Алберт Муслиу: Не е веројатно дека ДУИ ќе прифати избори на 13 октомври!

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, Алберт Муслиу: Не е веројатно дека ДУИ ќе прифати избори на 13 октомври!
Фактор анкетираше луѓе од интелектуалната и политичката сфера за предлогот на Груевски за предвремени избори. Еве што за Фактор вели Алберт Муслиу, аналитичар: Прво треба да се причека мислењето на коалицискиот партнер во владата на ВМРО ДПМНЕ, тоа е ДУИ. Тие во изминатиот период, особено последните месеци изјавуваа дека не се за предвремени избори. Кај нас секоја година се зборува за превдеремени парламентарни избори. Кога зборувам за ДУИ, нивните активности  се во правец на решавање на некои од горливите прашања, а не се насочени на избори. Можноста за предвремени парламентарни избори на 13 октомври теоретски постои, но според мене малку е веројатна опцијата дека ДУИ би прифатиле предвремени избори.. Околу не постигнатиот договор за собраниските инциденти од 24 декември, за мене тоа е разочарување. Ние не бевме наивни дека таму се ќе тече мазно, но од друга страна, не само кон меѓународниот фактор, туку и кон граѓаните двете најголеми партии требаше да покажат доблест дека можат да се соочат со проблемите. Ние како држава го преживеавме 24 декември, но и двете партии требаше да имаат храброст да направат извештај и да го прифатат. Не може државата да фунцкионира, ако нема политичка зрелост, ако партиите не се способни да се соочат со проблемот. Јас сум приличнио сигурен дека веќе од денес ќе започне префрлањето на вината, но мене како граѓани тоа не ми ги решава проблемите. Како и да е, предвремени парламентарни избори ќе има, но не на 13 октомври. Мислам дека ќе го стигнеме состанокот на ЕУ без предвремени избори. Што се однесува до албанскиот политички блок, сметам дека албанските партии требаше поактивно да се вклучат во надминување на овој проблем, да ги охрабрат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за да излезат со конечен извештај. Нив како да не ги интересираше овој проблем. Тие сега можеби ќе велат ние ја загубивме препорака за евроатланските интеграции, ама не сме ние криви, но тоа е погрешно. Како и да е решение треба да понудат политичарите, а ние како аналитичари можеме само да им понудиме идеи.
Слично

Поврзани вести