Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предвремената и етапна исплата на пензиите започнува од утре

Предвремената и етапна исплата на пензиите започнува од утре

Од утре почнува предвремената и етапна исплата на јануарските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи по следниот редослед:

- Во вторник, на 26.01.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

- Во среда на 27.01.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

- Во четврток на 28.01.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

- Во петок, на 29.01. 2021 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка со парите можат да располагаат од вторник 26 јануари.


Слично

Поврзани вести