Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДВИДУВАЊЕ: Еве што ја чека Македонија во 2016-та

ПРЕДВИДУВАЊЕ: Еве што ја чека Македонија во 2016-та

Македонија ја чека уште една бурна година, предвидува “Стратфор”. Во анализата се наведува дека првата половина на 2016 година ќе биде клучна за иднината на Македонија, која освен со политичката криза се справува и со бегалската криза.

Прв императив за Македонија следната година е да создаде стабилна влада. Нови обвинувања за местење избори и за измами ќе предизвикаат нова рунда на улични демонстрации и бојкотирање.

stratfor-735x400

Новата влада ќе треба да се справи со политички и етнички поделената земја, напливот на бегалци и мигранти и нерешениот спор со Грција.

Стратфор“ оценува дека пролонгирањето на преговорите за влез во ЕУ може, со текот на времето, да ја намали поддршката за усогласување на барањата со ЕУ и да предизвика поголема политичка и општествена нестабилност.

„Доколку официјално Скопје се откаже од идејата за членство во ЕУ, Македонија би можела да го загуби интересот за одржување на добрите односи со соседите. Тоа би можело да отвори врата за конфликт со Албанија и со Косово, поради ситуациите со етничките Албанци во Македонија, како и со Грција, поради блокадата на Атина за влез на земјата во ЕУ и во НАТО. “ – пишува во анализата.

Институтот за глобално разузнавање нотира дека проблемите во Македонија не се чисто политички. Прогнозира дека шансите за меѓуетнички конфликт не се големи како во други западнобалкански земји, но додава дека „насилството се уште е можно“.

Освен тоа, стапката на невработеност може да придонесе за социјални немири, предвидува агенцијата.

Лошата економска состојба, според „Стратфор“, би можела да создаде простор за засилување на екстремистичките политички сили, кои според институтот, би ги продлабочиле политичките и етничките проблеми.

Слично

Поврзани вести