ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА САД: Даночната реформа би можела да има големо дисторзно влијание на меѓународната трговија
Пет најголеми економии на ЕУ ги предупредија САД дека темелна реформа на американскиот даночен систем би можела да биде во спротивност со меѓународните обврски на таа земја.
Како што наведуваат „би можело да има големо дисторзно влијание на меѓународната трговија“.
Во писмото до министерот за финансии на САД Стивен Мнучин, министрите за финансии на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија велат дека се „исклучително загрижени“ поради три американски иницијатви во врска со даноците, меѓу кои е и предлог законот во Сенатот против даночните измами.
Сенатот на американскиот Конгрес на 2 декември го усвои предлог законот за реформата за даночниот систем, а тој текст треба да биде усогласен со верзијата која Претставничкиот дом на Конгресот ја усвои на 16 ноември.
Ако законот стапи на сила, тоа ќе биде најтемелна промена на американскиот даночен систем во последните 30 години.
