Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во оваа земја не патувајте, можни се напади

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во оваа земја не патувајте, можни се напади

Британската Влада ги предупреди своите граѓани дека во Турција постои голема опасност од терористички напади, поради што се советува да ја избегнуваат таа земја.

Во соопштението на Владата туристите се предупредуваат дека со заминувањето во популарните дестинации се изложуваат на потенцијални терористички напади, пренесуваат британските медиуми.

На туристите им се советува да ги избегнуваат големите гужви во градовите како Истанбул и се потсетува дека во таа земја претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 24 јуни, што може да иницира големи протести низ земјата.

Британската Влада предупреди и да не се патува на местата кои се наоѓаат на десетина километри од границата со Сирија, како и дека е можно терористите да изведуваат напади на југот и истокот на земјата, во Анкара и Истанбул.

Се додава дека најмногу е загрозен авиосообраќајот, поради што на британските државјани им се советува целосно да соработуваат со аеродромскиот персонал.

Слично

Поврзани вести