Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предупредување на македонски јазик во Пефкохори да не се чува место на плажа со пешкири

Предупредување на македонски јазик во Пефкохори да не се чува место на плажа со пешкири

Локалните власти од Пефкохори, на четири јазици, меѓу кои и на македонски, на социјалните мрежи ги информираат туристите дека е забрането оставање лични предмети на плажата со цел да се зачува местото, јави дописничката на МИА од Атина.

Локалниот совет на заедницата Пефкохори, предупредува дека ќе следуваат казни и дека сите оставени предмети ќе бидат одземени. Одземените реквизите на туристите ќе им се вратат, откако ќе ја платат казната.

-Забрането е да зафатите место на плажата со вашите ствари преку ноќ, рано наутро и во текот на ручекот. Во спротивно доколку има напуштени предмети на плажата ќе бидат одземени од комунални редари и ќе бидат вратени по плаќањето на казната, пишува на македонски јазик локалниот совет на заедницата Пефкохори.

На првиот крак на Халкидики пракса кај туристите е да оставаат чадори, пешкири, душеци и други лични предмети со цел да имаат обезбеден простор на плажата.


Слично

Поврзани вести