Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предупредување: Казна од 200 евра за палење оган за 1-ви Мај!

Предупредување: Казна од 200 евра за палење оган за 1-ви Мај!
Засилени контроли најавуваат од ЈП „Паркови и зеленило“ за претстојните првомајски празници, со цел да се заштитат зелените површини од можни пожари за првомајските празници. Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, апелираат до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај да го поминат во природа, особено на местата како што се Парк –шумата Водно, Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад. Екипи на Градот и на јавното претпријатие ќе вршат контрола на терен, на јавните површини. Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра, потсетуваат надлежните.
Слично

Поврзани вести