ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во наредните месеци секојдневно ќе ни доаѓаат по 3000 бегалци!
Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) очекува до 3000 бегалци и имигранти во Македонија на ден, соопшти "Ројтерс".
"Не очекуваме какво и да било запирање на протокот на луѓе во следните месеци", истакна портпаролката на УНХЦР.
Тоа го аргументира со континуираното насилство во Сирија и Ирак и влошувањето на условите за сириските бегалци во Турција, Јордан и Либан.
28-те земји членки на Европската унија треба да гарантираат "праведна распределба" на кандидатите за азил, повика портпаролката на УНХЦР. Таа изрази уверување дека доколку бидат преземени правилни мерки, Европа може да се справи со имигрантската криза.
Слично
