Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Работењето со Life Division е потенцијална опасност

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Работењето со Life Division е потенцијална опасност
Странски фонд работи без дозвола на КХВ во Македонија, објави комисијата. Станува збор за друштвото Life Division. Комисијата за Хартии од вредност денеска донесе одлука да ги информира сите потенцијални инвеститори дека компанијата нема дозвола да ги врши услугите што ги нуди овде. Тоа во превод значи дека работењето со ова друштво е на сопствен ризик. Станува збор за услуги како вложување во инвестициски фондови, управување со портфолио на индивидуални клиенти, како и посредување при тргување со финансиски инструменти. Комисијата ги предупредува сите потенцијални вложувачи да бидат крајно внимателни при носењето на одлука за инвестирање во наведеното друштво, бидејќи, ако се случи проблем, Комисијата нема надлежност да ги заштити нивните права и интереси, во случај тие бидат оштетени.  
Слично

Поврзани вести