ПРЕДРАГ ТРПЕВСКИ: Се урива автономијата, мислам дека Владата ќе ја преиспита оваа идеја
Концептот што Владата сака да се спроведе не може да се реализира, затоа што сите факултети работат по разлини програми за кои се акредитирани. Екстерното се коси и со Болоњскиот процес, се нарушува автономијата на универзитетот. Универзитетите имаат автономно право и слобода да креираат сопствени програми кои се акредитирани од надлежно тело во Министерството за образование и наука. Прашувам - кој ќе го спроведе екстерно оценување.
Го видов протестот на студентите, ваков протест со ваква масовност досега немало. Ова е голема масовност. Лично не верувам дека идејата за екстерно оценување е за добро на студентите. Високото образование не е задолжително, а секој студент избира на кој факултет ќе се запише, на подобро или полошо рангиран. Мислам дека владата ќе ја преиспита оваа идеја.
Предраг Трпевски, универзитетски професор
Слично
