Предлог за укинување на таксата за МТВ
Од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија до Собранието доставија предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кој бараат укинување на радиодифузната такса за МРТ.
Тие образложуваат дека јавниот сервис наместо да функционира подобро со парите собрани од РДТ, тој се менува на штета на граѓаните. Затоа се предлага МТВ да се финансира од Буџетот на Република Македонија, и тоа во износ од 0,5% од вредноста на Буџетот на годишно ниво. За спроведување на предложеното изменување на Законот, потребно е да се одвојат 885 милиони денари на годишно ниво од Буџетот на државата за 2016 година.
„Освен овие буџетски средства, како основен извор за финансирање, МРТ може да остварува приходи од кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ. На тој начин МРТ ќе се оспособи да продуцира програма со користење на сопствените технички и кадровски потенцијали за свои потреби или ќе ја продава на останатите комерцијални радиодифузери“- се наведува во образложението.
Таксата ја плаќаа домаќинствата, но и фирмите, со што многу од нив се соочија со блокирање на сметки затоа што не платиле за МТВ. Радиодифузната такса беше зголемена од 130 на 190 денари.
Слично
