Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДНОВОГОДИШНИ ОГЛАСИ: МНР вработува административни службеници

ПРЕДНОВОГОДИШНИ ОГЛАСИ: МНР вработува административни службеници

Оглас за вработување на 26 административни службеници пушти денеска Министерството за надворешни работи.

Се бараат дипломати – приправници и помошно -стручни службеници кои имаат 20 дена да конкурираат на огласот кој е објавен  интернет страната на Агенцијата за администрација и во дневните весници „Нова Македонија“, „Независен весник“ и „Лајме“.

„Како што Министерството за надворешни работи веќе објави,водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваме пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија“, се наведува во денешното соопштение од МНР.

Заинтересираните кандидати можат електронски да аплицираат на огласот на следната интернет страница: http://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/509.

Слично

Поврзани вести