Предлогот за универзитетот Дамјан Груев вратен во Собранието по скратена постапка
Предлогот за формирање на новиот универзитет Дамјан Груев се врати во Собранието по скратена постапка.
Предлогот е дополнет со уште три факултети, а ВМРО – ДПМНЕ очекува подобрување на конкуренцијата и уривање на наводен монопол во високото образование. Новиот универзитет за национална одбрана, безбедност и мир треба да има вкупно 11 високо-образовни единици, меѓу нив и економски, градежен и архитектонски.
Од СДСМ велат дека предлогот влегува во процедура додека тие ги имаат замрзнато активностите во Собранието и за нив ова е незаконско работење.
Претходниот предлог за нов универзитет „заглави“ во матичната комисија за образование наука и спорт поради многуте амандмани на членовите од опозицијата.
На собраниска седница денеска има десет закони по скратена постапка. Меѓу нив се проектот Македонија вработува и иницијатива за формирање нови единствени полициски сили.
Слично
