Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предлогот на Субрата Рој за обесштетување отфрлен како „навредлив“, тој останува во затвор

Предлогот на Субрата Рој за обесштетување отфрлен како „навредлив“, тој останува во затвор
Обидот на компанијата „Сахара“ да го извади од затвор својот прв човек Субрата Рој пропадна денеска, откако судот ја отфрли жалбата и понудата на компанијата да ги обесштети ситните инвеститори. Судиите на Врховниот суд го нарекле предлогот „нечесен“ и „навредлив“ и одбиле да го ослободат на Рој, кој останува во затворот Тихар до 11 март, за кога е закажано следното рочиште против него. Групацијата „Сахара“ понудила да отплати дел од долгот во рок од три дена, а остатокот на пет рати, од кои последната во јули 2015 година. Адвокатите барале Рој да биде пуштен од затвор затоа што компанијата без него не може да позајми пари за да ги отплати инвеститорите, на кои се смета дека им должи околу 4 милијарди долари. „Единствениот човек кој може да најде пари, не е во позиција да го направи тоа. Дозволете му да излезе и тој ќе ги пронајде парите. Оваа првична сума сме подготвени да ја платиме однапред за да помогнеме тој да излезе“, рекол адовкатот. Но, за судиите ваквиот предлог е неприфатлив, особено затоа што Рој е во затвор само неколку дена, а имал повеќе од една година за да ги пронајде парите од последната судска одлука. „Ќе ви кажеме како ова ни изгледа нам. Не терате да се собереме тука во посебен состав и потоа давате предлог кој воопшто не е прифатлив. Тоа е голема навреда за нас, да се собереме тука сите, а вие да немате пристоен предлог. Не можете да ги терате судиите на Врховниот суд да заседаваат специјално за човек кој не сака да плати. Ова е нечесен предлог. Вратете се само ако имате некој чесен предлог...поатрактивен и поприфатлив“, остро возвратиле индиските судии. Во меѓувреме македонските министри си ја префрлаат топката и не сакаат да одговорат дали судската постапка против Рој ќе ги изјалови неговите планови за инвестиции во Македонија. Индискиот бизнисмен во земјава најавуваше инвестиции од три милијарди евра, во земјоделството и туризмот. Дали ова ќес е оствари повеќе детали денеска немаше министерот за финансии Зоран Ставрески. „Ставот на Владата во однос на ова прашање е соопштен од страна на министерот за странски инвестиции Бил Павлески. Тоа е ставот на Владата“, рече Ставревски. Во неделата, министерот за странски инвестиции Бил Павлески изјави дека Владата на Македонија будно го следи развојот на настаните во Индија, но не е загрижена затоа што еден од потенцијалните најголеми инвеститори во земјава Субрата Рој е во затвор и се товари за измама на милиони Индијци тешка четири милијарди долари.  
Слично

Поврзани вести