Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предлог-законот за високо образование помина на Собраниската комисија

Предлог-законот за високо образование помина на Собраниската комисија

Со девет гласа „за“, со ниту еден „против“ или „воздржан“, собраниската Комисија за образование го изгласа предлог-законот за високото образование, со кој ќе се воведе државен испит на факултетит кој заедно со останатите предлози од образованието, в понеделник ќе биде ставен на собраниска седница, јави Телеграф.мк .

Само неколку минути пред да започне протестот на студентите, предлог - законот бил изгласан , информира Телеграф.

Министерот Адеми нагласил дека има време за јавна дебата и дека овој закон нема да важи за сегашните студенти тука за идните.Оваа реформа беше најавена пред речиси два и пол месеца, а факултетите беа информирани три месеци претходно. Примивме конкретни предлози од универзитетите и факултетите.

- Отворени сме и подготвени за расправа и за конкретни предлози, како што ни испратија и факултетите и универзитетите.  од универзитетите и факултетите. Бидејќи Одборот ќе ја води целата постапка за државниот испит, нема да се загрози ни автономијата на Универзитетот ни Болоњскиот процес – рекол Адеми, пренесува Телграф.мк.

Како што пишува Телеграф, на овој предлог-закон најжестоко му се спротивставила Солза Грчева според која предлогот е скандалозен и противуставен.

(Извор и Фото: Телеграф.мк)

Слично

Поврзани вести