Предлог во Бугарија на Украина да и се даде советското оружје
Најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС до собранискиот секретаријат на Бугарија достави предлог-одлука за испраќање воена помош за Украина.
ГЕРБ-СДС поднесе пакет предлог-одлуки во три области на веќе декларирани приоритети, од кои едната е воена и техничка помош за Украина со советско оружје.
Пратеничката група предлага, покрај воената помош за Украина, Министерскиот совет да одржи консултации, во рамките на иницијативата на НАТО за зајакнување на источното крило, за распоредување сили и средства за гарантирање на безбедноста на земјата, вклучително и за заедничка воздушна одбрана на Бугарија.
Слично
