Спогодбата од Министерството за правда неприфатлива, судската администрација продолжува со штрајкот
Предлог-спогодбата од Министерството за правда е неприфатлива за Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.
Оттаму објаснуваат дека не се прецизирани рокови и спогодбата нуди обврска само за едната страна. Од овие причини штрајкот нема да биде прекинат додека не се разгледаат и прифатат и нивните предлози и барања.
Синдикатот на УПОЗ и ЗСА очекуваат дека во најбрз рок другата страна, Министерството за правда и Судскиот совет на Република Македонија да се произнесат или да отпочнат евентуалните спорни прашања од Преглог – спогодбата која ја испратија синдикалците.
„Сметаме дека е потребен завршен и сериозен пристап со цел што побрзо да дојде до конечно решение, а во меѓувреме штрајкот во судовите продолжува до прифаќање на одредбиде од спогодбата“-велат од УПОЗ и ЗСА.
Вработените во судската служба имаат право на додатоците на плата од членот 69 став 1 алинеја 1, 2 и 3 кумулативно во висина до 35% од износот на основната плата.
Судската администрација штрајкува од 18 мај. Досега тие беа неколку пати на протест пред Министерството за правда. Бараат зголемување на додатоците на плата за 35%.
