Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предизборно покачување на пензиите за 10 евра

Предизборно покачување на пензиите за 10 евра
Пензионерите во март ќе добијат покачување на пензиите за 600 денари, се договориле на денешната средба министрите за финансии и за труд и социјална политика со претставници од Сојузот на здруженија на пензионери. Средствата во висина од една милијарда и 800 милиони денари за оваа намена веќе се обезбедени во Буџетот. „Со ова сме единствената земја, не само во регионот, туку и во Европа, која успеа во вакви тешки времиња кога се чувствуваат последиците од кризата, не само да ги заштитиме пензионерите, да не се зголемува старосната граница и редовно да се исплаќаат пензиите, туку и да извршиме зголемување на пензиите за износ кој е значителен ако се има предвид колкави се финансиите можности на државата“, вели министерот за финансии Зоран Ставрески. Покачувањето пензиите ќе важи во следните 10 месеци и тоа ќе влезе во основицата за следната година,  а доколку има можности догодина ќе се планира дополнително покачување на пензиите, додава тој. Првиот финансиер проценува дека ликвидноста на Буџетот е добра и затоа ќе продолжи редовната исплата на пензиите, зголемувањето на социјалните надоместоци и сите обврски кои произлегуваат од Буџетот. Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, со ова зголемување на пензиите во март годинава просечната пензија ќе се зголеми за 62 проценти во однос на 2006 година. „Најниската пензија во 2006 година изнесуваше 4.330 денари, а со исплатата на пензиите во март ќе изнесува 7.620 денари што е зголемување од 76 проценти, додека највисоката пензија во 2006 година изнесуваше 27.606 денари додека сега ќе изнесува 36.007 денари што значи зголемување од 30,43 проценти“, нагласи Спасов.
Слично

Поврзани вести