Предизборните лаги на балканските политичари – згасна пламенот на Палма!
Изборите се можност за пресметка, но не само со резултатити туку и со ветувања. Големите ветувања се хит на балканот. Вистински хит беше и ветувањето на кандидатот за градоначалник на Јагодина, Драган Марковиќ – Палма, кога ја водеше битката за градоначалничкото столче.
Драган Марковиќ ветуваше дека огнот – олимпискиот пламен кој го запали ќе гори додека не се вработи и последниот жител во неговиот град, најавувајки дека тоа ќе се случи за две години. Но, невработеност сеуште има, а огнот го нема.
Српските медиуми тргнаа во потрага по одговори. Градоначалникот на Јагодина сега на таа тема не гледа како на предизвик достоен за неговото внимание. Палма е убеден дека нема потреба за грижи, па и кога ќе го фатат во тесно наоѓа решение.
-Јас можам огнот да го запалам кога ќе посакате, но гасот е скап. Дојдете идната недела, се прави ипровизирана бакла која ќе биде висока два метри, рекол Палма за B92.Јагодинчани веќе се сомневаат во ветувањата на Марковиќ. На списокот на невработени во Јагодина има 11.000. Една третина од нив се со завршено основно училиште. Според податоците од агенцијата за вработување, во изминатата година забележано е мало опаѓање на бројот на невработени. Новоотворените фабрики во Јагодина вработиле околу 400 лица, а поред струката станува збор за шивачи и столари кои се најбарани во последно отворените погони. Најпрвин се вработуваат лицата со искуство, а откако ќе ги нема на списокот невработени компаниите се одлучуваат да земат и од невработените без работно искуство. Во Јагодина влегува и Италијанска инвестиција која ќе произведува мебел и планира да отвори вработување за 60 лица. До крајот на годината е најавено отварање на уште две фабрики. И покрај ваквиот засилен ангажман и зголемениот број на вработувања сепак Јагодина е далеку од општина без невработени, но жителите во општината веќе го немаат и пламенот кој им служеше како потсетник на ветувањето на Драган Марковиќ Палма. K.K.
Слично
