Предизборните дебати во Грција тргнаа со сигнал за бомба
Лажен сигнал за бомба бил пријавен за време на предизборните ТВ дебати во Грција, пренесоа локалните медиуми.
Околу 21:30 часот непознат маж се јавил во телевизија „ERT“ и изјавил дека во зградата има оставено бомба. Биле повикани полиција и деминери. Прецизниот претрес сепак не открил ништо сомнително.
Предизборните ТВ дебати, во кои зедоа учество претставници на 7 политички партии продолжија 3 часа покасно и завршија по полноќ.
Тоа се третите избори од почетокот на годината во Грција, а на дебатите досегашниот премиер од крајната левица Алексис Ципрас вети „да ја продолжиме борбата“.
Слично
