Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предизборна партиска кавга – каде завршија 3,5 милиони евра наменети за Демир Капија-Смоквица?

Предизборна партиска кавга – каде завршија 3,5 милиони евра наменети за Демир Капија-Смоквица?
Лице, државјанин на Република Грција, од сметката на Актор, фирмата изведувач на автопатот Демир Капија-Смоквица, за само три месеци подигнало 250 илјади евра пари во кеш: во мај 2013 - 32 илјади евра, во јуни - 124 илјади евра, во јули - 91 илјада евра, тврди опозициската СДСМ, која бара од институциите да го испитаат случајот со градбата на автопатот. „Од сметката на фирмата Актор АДГ Грција – Подружница Скопје, на која што се легнати 32 милиона евра пари на граѓаните на Македонија, се одлеваат кеш суми и кај цели фамилии, државјани на Грција. Податоците од трансакциите направени во Македонија покажуваат дека 9 лица со презиме Константинос подигнале неверојатни 313.000 евра. Поединечните исплати по лице се во висина од 20, 40, 80 илјади евра, а едно лице подигнало во три наврати 115 илјади евра!“, вели портпарлот на СДСМ Петре Шилегов. Според информациите на опозицијата, 8 лица со презиме Димитриос подигнале 17.418.981 денари или 282.000 евра во кеш. На еден од нив му биле исплатени 75 илјади евра, на другите, по 30 – 40 илјади евра. Портпаролот на СДСМ треба да ја праша фирмата која го гради автопатот Демир Капија – Смоквица како ги троши парите, а ако има сомневање, нека пријави во институциите, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот прес на Шилегов. „Каде и како фирмата, избрана во транспарентна постапка, ги троши парите, дали за работници, дали за опрема, машини или градежни материјали, господинот Шилегов треба да си ја праша фирмата која го добила тендерот. Тендер кој е верификуван од сите релевантни европски институции. Доколку се сомнева во нивната работа, секако дека има начин тоа да го пријави до институциите, а институциите ќе си постапат“, одговори ВМРО-ДПМНЕ.    
Слично

Поврзани вести