Пред уште една Нова Година: Четиричлено семејство оставено на милост и немилост!
На два дена пред дочекот на Новата година, граѓаните ги привршуваат последните подготовки за големото славење и испраќање на уште една година зад себе. Едни ги трошат парите резервирани за подароци и свечена трпеза, други пак ги пакуваат куферите за продолжен викенд.
Празничната атмосфера која за многумина значи радост и среќа, за Сунчица Ѓорѓевиќ со нејзините две деца и сопругот е уште една мачна и тешко помината година. Таа повеќе од шест години живее без кров над главата. На само неколку километри од центарот на Скопје, во импровизирано живеалишта на влезот кај поранешната фабрика Алумина е нивниот дом во кој нема ниту основни услови за живеење. Двете дечиња Матеј и Џемо кои имаат три и пет години, и се радуваат на малата елка на која скромно се гледа одсјај на неколку лампиони, но само дење бидејќи навечер струја имаат дури кога ќе се запалат уличните светилки.
“Живееме во мизерни услови. Јас работев во перална за коли, но поради децата кои често настинуваа морав да ја напуштам работата. Никој не ви дозволува два дена да одите на работа, пет не. Децата ги носев некое време и во градинка, но сметките се наталожуваа, а немав како да ги платам. Дечињата ги избегнуваа. Сакам да имаат нормален живот како сите други деца, но не можеме да им го дозволиме тоа. Се трудам оваа една импровизирана соба да ја одржувам чиста, да бидат испрани. Заработуваме со собирање на пластични шишиња и железо, одиме на стариот пазар да ги продаваме, но студено е и станува тешко да се помине денот. Децата сакаат млеко, храна, не сакаат од контејнери да собираме. Секој ден им купуваме млеко, бараат” -раскажува Сунчица.
Пред два месеци нејзиниот невенчан сопруг Себастијан ја изгубил социјалната помош бидејќи се вработил, но за кратко ја изгубил и привремената работа. Деновиве на врата им тропнала полицијата за да се иселат. На оваа локација се предвидени градежни работи.
“Кога мислевме дека конечно ќе не огрее сонце да видиме некој денар сопругот ја изгуби работата, па и социјалната помош од 2700 денари. Со тие пари се живее ли? А без нив? Незнам што е потешко. Заедно сме скоро шест години. Живеевме под мостови, во импровизирани живеалишта. Луѓето не одминуваат, не сакаат да ги видат туѓите маки. Има и такви на кои сум им многу благодарна, хумани луѓе кои доаѓаат, ни помагаат, им даваат на децата храна, облека. Но тоа се троши. Најтешко ми е кога децата ќе ми бараат храна, а немам да им дадам. Тоа е најтешкото за родител” -додава Сунчица.
Двајцата бездомници се обратиле до сите институции. Поднеле барање за враќање на социјалната помош до Министерството за труд и социјална политика. Го известиле Народниот правобранител за проблемите со кои се соочуваат. Испратиле писмо и до Владата. Одговор велат нема од никого.
“Неколку пати дошле инспектори. Само ќе направат записник и толку. Ни рекоа да одиме во Чичино село, но нема шанси. Таму условите се бетер и од нашиве. Состојбата ни е многу тешка. Не сакаме луксуз, само кров над главата, една соба колку да се прибереме. Да почнеме отпочеток. Нова шанса за нас и нашите деца” - вели четириесет годишната жена.
На нејзиното лице маката оставила силни траги. Рацете вели заборавила кога и изгледале чисто и нежно, бидејќи секојдневно оди по контејнерите да собира шишиња, а во импровизираниот дом живеат без тоалет и без вода. Кога ќе се врати собира дрва од околните паркови за семејството да се згрее покрај стариот шпорет.
Сунчица заборавила и кога последен пат ја почувствувала топлата и семејна атмосфера бидејќи од еден неуспешен брак со малтретирање и нервози, животот и продолжил во борба со сиромаштијата и беспарицата. Малечкиот Матеј на 4 јануари полни пет години,па целото семејство се надева дека во Новата година неговиот роденден ќе можат да го пречекаат во свој дом.
Надежта велат последна умира, а желбите се посакуваат со надеж да се исполнат!

Слично