Пред три месеци освоил 1,3 милиони евра на лото, не ги подигнал!
Среќниот добитник кој пред три месеци ги погодил сите шест броеви во играта „Лотко“ на Лотаријата на Словенија и освои 1,3 милиони евра, на крајот остана без добивката. Тој до истекот на крајниот рок вчера не ја подигнал добивката и согласно правилата освоениот износ е вратен во наградниот фонд, информираше словенечката лотарија.
Првпат се случува некој да не подигне толку висок износ на добивка, информираат организаторите на играта на среќа. Не е јасно дали добитното ливче, кое било уплатено во една љубљанска пошта, е загубено или среќниот добитник воопшто не ги проверил добитните броеви по извлекувањето.
Лотаријата на Словенија неколкупати преку медиумите предупредуваше дека рокот за наплата на добивката истекува.
Слично
