Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Пред три години ПЧЕНИЦАТА на земјоделците им ја плаќале 17 денари, годинава 12“: остра реакција од опозиционерите

„Пред три години ПЧЕНИЦАТА на земјоделците им ја плаќале 17 денари, годинава 12“: остра реакција од опозиционерите

Пред три години ПЧЕНИЦАТА на земјоделците им ја плаќале 17 денари. Годинава им ја плаќаат 12 денара.

Ама ВМРО вика - ја зголемиле цената!

А кои сме па ние да им противречиме.

Ова го објави лидерот на опозициската „Левица“ на социјалните мрежи споделувајќи и фотографии од откупната цена на пченицата. 


Претставник на партијата, Никола Петров, претходно објави за оваа ситуација прашувајќи го министерот Цветан Трипуновски зошто има потреба да ги лаже земјоделците?!

- Дали мислите дека земјоделците се неписмени и не знаат да користат интернет или што?

Лажете дека сте постигнале највисока откупна цена на пченицата до сега од 12 денари килограм. Иако истата ќе се откупува од 10 до 12 денари.

Највисока просечна откупна цена на пченицата беше 2022 година од 17 денари за килограм!

Дајте бре опаметете се веќе, со лаги и ефтин пиар држава не се води! - напоменува Петров. 


Слично

Поврзани вести