Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред тетовчани Шилегов вети тринаесетта плата

Пред тетовчани Шилегов вети тринаесетта плата

Тринаесетта плата за секое семејство вети денеска носителот на кандидатската листа на СДСМ во изборната единица 6, Петре Шилегов, на средбата со тетовчани. 

„Со двајца вработени по семејство, со намалување на невработеноста, со продуктивни работни места, не со фиктивни како што ни се нудат досега, ќе успееме да внесеме среќа во секое наше семејство за да ги зачуваме младите и да обезбедиме живот во нашата држава онаков каков што заслужува секој наш граѓанин поединечно“- кажа Шилегов. 

Вели дека неговата партија планира да го направи животот на граѓаните поевтин, поедноставен, преку укинување на такси кои нема потреба да се плаќаат, како што е радиодифузната такса.

„Со секоја платена сметка, како и на сите други производи, ќе овозможиме на граѓаните поврат на паричните средства во висина од 15 проценти од платениот данок на додадена вредност, на тој начин што ќе се овозможи секој еден граѓанин на крајот на секоја година да добива 13. плата“ – изјави Шилегов. 

Објаснува дека мерките кои ги предлага СДСМ ќе доведат до тоа просечната плата во Македонија да биде  500 евра по вработен.

Вели дека сакаат да изградат  општество на кое што идните генерации ќе бидат горди. 


Слично

Поврзани вести