Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред седиштето на ДУИ во Тетовско фрлена бомба кашикара

Пред седиштето на ДУИ во Тетовско фрлена бомба кашикара

Синоќа, околу 21.45 ч пред седиштето на ДУИ во Мала Речица, Тетовско била фрлена експлозивна направа.

Медиумите пишуваат дека се работи за бомба кашикара која била фрлена од мотор во движење.

Штетата која ја направила експлозивната направа е кратер со 20 сантиметри пречник и десет сантиметри длабочина на улицата, а повредени лица нема.

Нема штета ниту на другите објекти во близина, а во моментот на експлозијата во портирницата на седиштето на ДУИ имало едно лице кое било ангажирано како обезбедување и поминало без никакви повреди.

Се работи на расчистување на случајот и откривање на идентитеот и мотивите на можниот сторител или сторители.

Слично

Поврзани вести