Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред самитот на НАТО Грците ќе протестираат во Атина

Пред самитот на НАТО Грците ќе протестираат во Атина

Протест за одбрана на името „Македонија“ ќе има и во Атина, на централниот плоштад Синтагма, на 8 јули,  неколку дена пред самитот на НАТО.

Како што пишува весникот „Прототема“ протестот го организира Здружението за заштита на правата на Власите кои зборуваат грчки (Влахофоните) во Македонија и Здружението за заштита на Хеленска Македонија. Двете здруженија ги повикуваат граѓаните да порачаат дека не може да се преговара за грчкиот карактер на Македонија и дека „Македонија е една и единствено грчка“.

Наведуваат дека за вакво сериозно прашање, треба да се прашаат грчките граѓани, и тоа не само оние што живеат во земјата, туку и грчките иселеници.

Оттаму се закануваат дека ако грчкиот Парламент го усвои договорот за решавање на името, надвор ќе бидат граѓаните со порака дека „нивното име е нивна приказна“.

И денеска во северна Грција ќе има протести за одбрана на името „Македонија“. 

Слично

Поврзани вести