Пред карантинот, Грците се „тепаат“ за посета на фризер
Пред да почне карантинот, во Грција имаше навалица за посета на фризер.
Грција од полноќ оди во тринеделна блокада за да го спречи ширењето на коронавирусот.
Премиерот Кирјакос Мицотакис изјави дека е принуден да го воведе карантинот по зголемувањето на бројот на нови инфекции во последните пет дена.
Тој додаде дека без карантин, здравствениот систем ќе биде преоптоварен. Вели подобро е да се реагира порано отколку подоцна.
Во последната седмица имало за 20 отсто раст на бројот на заразени.
Карантинот се враќа и во други европски земји поради вирусот.На континентот коронавирусот многу брзо се рашири.
Слично
