Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД ГРЕЈНАТА СЕЗОНА: Недостиг на огревно дрво на пазарот!

ПРЕД ГРЕЈНАТА СЕЗОНА: Недостиг на огревно дрво на пазарот!
Пред стартот на грејната сезона во приватните складишта се помалку има огревно дрво. Продавачите, иако не сакаат  да зборуваат јавно, сепак велат дека на терен постои реален проблем, и се јавува недостиг на дрва за греење. Сепак, велат дека ситуацијата ќе се стабилизира и дека можеби со задоцнување, но дрва ќе има во доволни количини, оти се прави увоз од Србија и Албанија. Како една од причините за недостиг на дрва колку што имааат потреба граѓаните се посочуваат токму засилените акции на МВР против нелегалните дрвосечачи, од кои голем дел од граѓаните и досега набавувале огревно дрво. Сега, откако контролите се засилени, крадците на дрва потешко можат да стигнат до нелегална сеча и со самото тоа граѓните мораат да набават огревно дрво, кое е легално исечено или увезено, затоа и побарувачката е зголемена на приватните скалдишта и складиштата на Македонски шуми. Сепак, на недостигот на дрва на пазарот од Македонски шуми посочуваат дека влијаеле и други фактори. „Свесни за состојбата што се случува во моментот, како Јавно претпријатие ги интензивиравме сите наши ресурси и ќе ги интензивираме и во иднина за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Она што можам да го кажам дека оваа година има значително зголемена побарувачка на огревно дрво, а за тоа влијаат многу фактори. Можеби е нашата цена која девет години не е променета и е стимулација за повеќе граѓани да се определуваат да се греат на дрво, а од друга страна, пак, понудата на пазарот е значително намалена и на некој начин дојде притисокот врз „Македонски шуми“ да го снабди граѓанството. Со оглед на тоа дека сме јавно претпријатие, наша обврска е тоа и да го направиме., вели Жарко Караџовски, директор на Македонски шуми. Караџовски појаснува и дека од тие причини на седницата на Владата било разговарано да се изнајде некој начин и Владата со своите ресурси за да и помогне на „Македонски шуми“ во овој период да се интензивира производството и продажбата со цел да им се излезе на сите граѓани во пресрет на грејната сезона. Сепак, засега нема одговор на кој начин Владата ќе му помогне на Македонски шуми да го зголеми производството на огревно дрво, односно единствената информација е дека ќе се бара дополнителна механизација и теренски возила. Во Македонски шуми, цената за кубен метар буково, односно дабово дрво со се превоз, чини од 2.500 денари, до 2.600 денари. Додека во приватните скалишта цената достигнува до 3.700 денари. Акција „Гора“ МВР поднесе 33 кривични пријави во акцијата „Гора“, за спечување на нелегална сеча и трговија со огревни дрва во текот на изминатите две недели. Кривичните пријави се против физички и правни лица поради постоење на основани сомнение дека сториле повеќе кривични дела:  “злоупотреба на службена положба и овластување“ ;  “пустошење на шума“ ; “кражба“; “фалсификување или уништување деловни книги“. Првичните проценки на МВР укажуваат дека станува збор за евидентирана исечена дрвна маса во количина од околу 5.400 метри кубни разни видови дрво од државни и приватни катастарски парцели а штетата проценета по однос  на незаконската сеча изнесува околу 29.788.470 денари, додека пак противправната имотна корист од ваквите незаконски дејствија се проценува на околу 8.680.000 денари. МВР акцијата ја спорведе во повеќе градови во земјава, а инаку кражбата на дрва се смета за кривично дело.
Слично

Поврзани вести